Мицкоски: Амбасадорката Агелер објасни зошто на министерот Лимани му е одбиено барањето за американска виза
Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека на министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани му е одбиено барањето од САД за американска виза, а при тоа се повика на објаснување од страна на амбасадорката Анџела Агелер.
- Сега би било многу непристојно, јас нејзината екселенција - амбасадорката Ангела Агелер да ја надсинхронизирам.Тоа што е поврзано со процедурите на издавање виза на американската администрација таа многу фино ви објасни, рече Мицкоски.
Изминатите денови опозициските СДСМ и Алијанса за Албанците соопштија дека на Лимани му било одбиено барањето за американска виза. Министерот, наводно, требало да присуствува на конференција на Обединетите нации.
Слично
