МИЦКОСКИ: Aко е планот „гласајте да земеме кредит за да набавиме автобуси коишто ќе стигнат догодина“, тоа нема да го реши проблемот
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека проблемот што скопјани го имаат со јавниот градски превоз нема да се реши ако сега почне постапката за набавка на 250 нови автобуси, како што побара скопската градоначалничка Данела Арсовска.
Според него, проблемот со автобусите во Скопје на брз рок ќе се реши само со мобилизација во ЈСП со вистинско и наменско трошење на средствата кои скопјани преку градската каса му ги даваат како субвенција на градското претпријатие.
„Ние стоиме на располагање да слушнеме план, да го поддржиме тој план, но ако е планот „гласајте да земеме кредит за да набавиме автобуси коишто ќе стигнат догодина“, тоа нема да го реши проблемот што денеска го имаат скопјани“, рече премиерот.
Арсовска бараше помош од Владата за набавка на нови автобуси, но Владата и претходно кажа дека нема да го стори тоа. Има многу поплаки за јавниот превоз и хигиената во градот. Mицкоски и Арсовска преку медумите постојано се критикуваат.
фото Фејсбук/Христијан Мицкоски
