Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран процес – СДСМ возвраќа: Се рехабилитираат насилниците

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран процес – СДСМ возвраќа: Се рехабилитираат насилниците

Девет години по настаните од 27 април 2017 година, политичките тензии околу судските процеси повторно се разгореа, со спротивставени ставови меѓу власта и опозицијата.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека судењето за организаторите на упадот во Собранието било „политички монтиран случај“.

  • -Станува збор за процес во кој, според мене, невини лица беа осудени како терористи. Тие направиле дејствија за кои требало да одговараат, но не за тероризам – изјави Мицкоски, додавајќи дека постоеле притисоци врз судиите и обвинителите во текот на постапката.

Од СДСМ остро реагираа на ваквите изјави, оценувајќи дека станува збор за обид за релативизирање на насилството.

Портпаролката Богданка Кузеска истакна дека 27 април бил „најцрниот ден во историјата на демократијата“ и организиран обид за државен удар.

  • -Наместо целосна правда, сведоци сме на обиди за рехабилитација на насилниците – рече Кузеска, обвинувајќи дека дел од осудените повторно се активни во јавниот простор.

Реакција стигна и од Алијанса за Албанците, од каде настаните ги оценија како терористички напад врз институциите.

Лидерот на партијата Зијадин Села, кој беше повреден во инцидентот, изјави дека целта на насилството била уривање на законодавната власт и напад врз пратениците.

Случајот „27 април“ повторно ја отвора дебатата за карактерот на настаните и за судските пресуди, со длабоко поделени политички позиции околу тоа дали станува збор за тероризам или за политички мотивиран процес.


Слично

Поврзани вести