Мицкоски вели дека утре Владата ќе го прифати францускиот предлог
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека Владата утре на седница ќе носи одлука за францускиот предлог. Од свои извори ја дознал оваа информација.
Тој го повика македонскиот народ да излезе пред Владата и да каже „не“ за предлогот.
„Утре ќе се одржи владината седница на којашто ќе биде прифатен францускиот предлог. Затоа, ја повикувам цела Македонија утре да дојде пред Владата“, рече Мицкоски.
Тој ќе се откаже од предвремени избори доколку премиерот Димитар Ковачевски не го прифати модифицираниот француски предлог.
ДОМ е против, билатералните прашања со Бугарија да се дел од преговарачкиот процес. Албанија за Албанците и БЕСА го поддржуваат францускиот предлог. Два дена по ред граѓаните излегуваат на протести со барање власта да го отфрли францускиот предлог.
Слично
