Mицкоски: Сега е јасен отпорот на Заев за реформите во обвинителството
На тацна имаме сервиран криминален октопод, разголен и размонтиран речиси до последната келија, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук.
Наведува дека главната закана и пречка за правдата во Македонија е токму врхушката на власт од која тој криминален октопод со сите негови учесници од првиот до последниот ја наоѓа својата сила.
„Ако веќе првите луѓе на власта се криминалци, молкот на заспаното обвинителство и судство кажува дека се нивни најверни слуги. Сега е јасен отпорот на Заев за реформите во обвинителството, јасни се и притисоците кон газдите на медиумите кои под дамаклов меч на партизираното судство и обвинителство мора да известуваат за работата на владата, а секоја критика мора да биде дозирана, иако голем дел од медиумите покажуваат пркост достојна за почит. Никој не верува во оние алиби соопштенија на владата, ниту пак во правдањата на комрпомитираното СЈО, а уште помалку на оние правдачки и помалку комични настапи на злоупотребеното момче портпарол. Вистината е дека владата под маската за борба против криминал создаде и штити криминал. Таквото толерирање на криминал веќе прераснува и во навреда на интелегенцијата на граѓаните. Симплифицирано ова би значело, Катица, која е пуленот на Заев, треба да почекаме да се врати од "боледувањето" кое случајно го врви на море кај јужниот сосед, со надеж дека можеби и ќе залади за да се одоброволи да даде изјава за нејзиното учество во милионскиот рекет“, вели Мицкоски.
Додава дека Кики и Фрики се заштитените светици, не затоа што се невини, туку затоа што блиску до врхушката на власт, а Заев според него ако треба и би жртвувал по некој само за да се спаси себе си.
