Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицкоски: Oној кој прв треба да го брани името тешко му е дури да го изговори

Мицкоски:  Oној кој прв треба да го брани името тешко му е дури да го изговори

Македонија тоа звучно име кое не разликува од другите, кое ни ги зголемува страдањата, ама со гордост го носиме, а гледаме на оној кој прв треба да го брани тешко му е дури да го изговори, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во Кавадарци на протестниот марш. 

Тој му порача на Заев дека не се бакнува пенкало, туку името на државата. 

„Но, затоа ВМРО е тука. Македонија, буквите за кој пишувале великани, Прличев, Мисирков, Коневски, името под чиј бајрак гинеле мажишта, се собрале и илинденците и партизаните за да го имаме ова што го живееме денес“- вели Мицкоски. 

Мицкоски рече дека е жално како премиерот Зоран Заев од ден на ден се понижува и себе си и нас, и како самиот запаѓа од еден во друг проблем.

Тој му порача на Заев, да покаже, како што рече, малку достоинство, да не се поклонува понизно како чирак од македонските народни приказни и да биде горд Македонец.

Протестен марш се одржува поради антимакедонските политики, како што наведоа од ВМРО-ДПМНЕ. 

Слично

Поврзани вести