Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦКОСКИ: Данела Арсовска нема да направи позначаен резултат од освојување на неколку стотини гласови

МИЦКОСКИ:  Данела Арсовска нема да направи позначаен резултат од освојување на неколку стотини гласови

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека Нова Алтернатива на чие чело неодамна застана скопската градоначалничка Данела Арсовска нема да направи позначаен резултат од освојување на неколку стотини гласови во различни изборни единици. 

„Нема потенцијал за нешто повеќе. Евентуално ако влезе во коалиција со други политички партии. Во последно време, во Град Скопје, е јасно изразена коалицијата Гром – Нова Алтернатива – ДУИ и СДСМ. И Левица, да не ја заборавиме“, изјави Мицкоски за Топ тема. 

Таа неодамна кажа дека е најнапаѓана личност во Македонија, но и наведе дека сите напади се поради страв. 

Слично

Поврзани вести