Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ГАЛЕРИЈА) Мичел: Изгледите дека ваква можност ќе има уште еднаш се многу мали

(ГАЛЕРИЈА) Мичел: Изгледите дека ваква можност ќе има уште еднаш се многу мали

Aмериканскиот помошник-државен секретар за европски и евроазиски прашања, Вес Мичел по средбата со премиерот Зоран Заев рече дека ги охрабрува сите да го искористат правото, на референдумот да излезат и да гласаат. 

Тој потенцираше дека Договорот од Преспа ги отвора перспективите на државата.

„Мислам дека ова е историска можност и мислам дека изгледите оти ваква можност ќе има уште еднаш за време на нашиот живот се многу мали“ - вели тој. 

Додаде дека имал продуктивни разговори со Заев, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, спикерот Талат Џефери и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

„Македонија е на патот кон Западот многу долго време, ги повикувам сите граѓани да си ги исполнат нивното основно право на слобода, но и на одговорност за време на референдумот и да излезат да гласаат. Ова е историска можност, и на патот за НАТО и ЕУ од интерес на Македонија е да обезбеди дека гласот на нејзините граѓани ќе биде чуен. САД ја поддржува Македонија во овој процес, верувам дека е во интерес на Македонија, и во интерес на Европа и на Америка да има Балкан кој е стабилен безбеден и напреден. Тоа беше мојата порака на сите состаноци“- вели  Мичел.

На новинарско прашање за последиците доколку референдумот не успее, тој рече дека не сака да шпекулира. Мичел ја потврди поддршката на САД за Македонија додавајќи дека неговата земја е заинтересирана за одржување на стабилноста и безбедноста во регионот.

ФОТО ФАКТОР


Слично

Поврзани вести