Мицевски за старечките домови: Бојан ми даваше сигурност дека ќе се заврши работата
Имав огромна доверба во „Меѓународен сојуз", изјави денеска во суд оштетениот бизнисмен во Силјан Мицевски. Тој раскажа дека добивал уверувања дека проектот за старечки дом е владин проект.
Рече дека довербата за успешност на проектот ја стекнал затоа што во невладината на Бојан Јовановски, често ги гледал Фросина Ременски и Александар Кирацовски.
„Бојан ми даваше сигурност дека ќе се заврши работата. Ми беше речено дека е проект на владата“, изјави во судницата бизнисменот Мицевски.
Во судницата изјави дека во согласност со договорот кој го имал со Јовановски, исплатил 720 илјади евра на две рати ама не на сметката на „Меѓународен сојуз" туку на авторска агенција. Мицевски рече дека иако потоа побарал раскинување на договорот и враќање на парите, но тоа не се случило. Во случајот обвинети се Бојан Јовановски, неговиот татко Миле, Фросина Ременски и уште неколкумина од невладината.
