Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИЦЕВСКИ ЗА ДОГОВОРОТ СО БРИТАНИЈА: Ништо нема да биде скриено и секој детаљ ќе биде јавно објавен

МИЦЕВСКИ ЗА ДОГОВОРОТ СО БРИТАНИЈА: Ништо нема да биде скриено и секој детаљ ќе биде јавно објавен

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски попладнево на Фејсбук објави дека во Собранието  пристигнал Предлог на законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во врска со партнерството за реализација на инфраструктурните проекти. 

Мицевски вели дека јавноста детално ќе дознае што содржи договорот и тоа ќе биде транспарентно. 

„Ништо нема да биде скриено до јавноста и секој детаљ ќе биде јавно објавен и транспарентен. Ова е историски договор! Ова е историска работа за нашата држава. Заедно со граѓаните се обврзавме на обнова на Македонија и тоа го правиме секој ден. Тие се нашиот партнер! Железница, студентски дом, болници, хидроцентрали и многу нови проекти!  После стратешкиот договор со Соединетите Американски Држави - ова е уште еден огромен успех за Република Македонија“, пишува Мицевски. 


Тој објави линк на кој граѓаните можат да се информираат. 

Неодамна во Лондон, македонски и британски претставници го потпишаа договорот. 

Слично

Поврзани вести