Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицевски прогласи активна блокада на Собранието

Мицевски прогласи активна блокада на Собранието

Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, прогласи активна блокада на Собранието од утре.

Вели дека постојат четири причини за тоа: економија, здравство, образование и меѓународна политика.

Разговорот за датум за предвремени парламенатрни избори помеѓу премиерот Димитар ковачевски и лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски, според Мицевски, било најдобро природно решение за решеавање на проблемите во овие четири сегменти.

- Понудата на ВМРО-ДПМНЕ опфаќа решенија и разговор за предвремени избори не е шведска маса во која премиерот може да се служи само со работи кои нему му одговараат.

Ова е процес кој што ќе трае и ние сме подготвени да одиме до крај, затоа што мораме да ја осигураме иднината на нашите граѓани, рече Мицевски.

 Собранието е првата институција која ќе биде под опозициска блокада, рече координаторот, а ребалансот на буџетот најавен за јуни нема да биде под опструкција од опозицијата.

- Активно ќе бидат блокирани само штетните законски политики, наведе Мицевски и додаде дека утре ќе го прецизира точниот број на закони кои треба да влезат во Собрание а ќе бидат опструирани.

Тој додаде дека се работи за 40-тина законски предлози на број.

Слично

Поврзани вести