Мицевски не сакаше да се врати на своето место, по што Џафери повика обезбедување
Во Сообранието денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски и по неколкуте повици од претседателот Талат Џафери не се врати на своето место, туку стоеше во близина на пратеничката на СДСМ, Даниела Маркоска која доби збор за процедурално обраќање од собраниската говорница. Потоа, интервенираше и обезбедувањето.
„Обезбедување, тргнете го координаторот од туѓо место, не му е место таму“, вели Џафери.
Низ собраниската сала се слушаше удирање по маси и свирежи од свирчиња. Меѓу пратениците од власта и од опозицијата паднаа тешки обвинувања за тоа во чие време криминалот бил поголем.
Слично
