Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мицевски и Петкова дојдоа во скафандери во Собрание, еден пратеник недостига за кворум

Мицевски и Петкова дојдоа во скафандери во Собрание, еден пратеник недостига за кворум

Талат Цафери, претседателот на Собранието, на почетокот на седницата за гласање на недоверба на Владата зајадливо рече дека се надева дека нема да има кривични пријави за биолошки тероризам.

Ваквата реакција на спикерот дојде откако пратениците Никола Мицевски и Ангелинка Петкова од ВМРО-ДПМНЕ како позитивни на Ковид-19 дојдоа во скафандери.

- Се надевам дека нема да има кривична пријава за биолошки тероризам овој пат, сега сме свесни за потребата од онлајн-работа, рече Џафери од говорницата.

Претходно опозицијата негодуваше на потегот на Мирослав Богдановски и Бисера Костадиновска Стојчева да дојдат во скафандери и да гласаат за донесување на економските мерки за ублажување на ковид-кризата.

Џафери даде 10 минути пауза, бидејќи во собраниската сала за пленарни седници имаше само 60 пратеници. Џафери се иззема како пратеник за да не прави кворум, а недостасуваше потпретседателот на Собранието од опозицијата.

Димитар Апасиев, претседателот на „Левица“ веднаш изреагира на Фејсбук дека еден пратеник е „киднапиран“.

На седницата не беа присутни пратениците од власта, но во првите редови беа членовите на Владата, меѓу кои и премиерот Зоран Заев.

Слично

Поврзани вести