Економија, финансии, бизнис

Контакт

Mиа е првороденото бебе во Скопје во 2015 година

Mиа е првороденото бебе во Скопје во 2015 година
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, Mинистерот за здравство, Никола Тодоров и Mинистерот за труд и социјална политика, Диме Спасов денеска, 01.01.2015 година, на Клиниката за гинекологија и акушерство при Универзитетскиот клинички центар го посетија првото бебе што се роди во Скопје во Новата 2015 година. Првото новороденче е женско и донесе неизмерна радост на мајката Оливера Лазарова. Миа е трето дете за семејството Лазарови. Бебето е родено во 00,01 минута по полноќ, долго е 51 сантиметар, а тешко 3 килограми и 550 грама. „Со задоволство им го честитам третото дете на семејството Лазарови и им посакувам среќни новогодишни и божиќни празници. На Миа и посакувам многу здравје и среќа“ - изјави Градоначалникот Трајановски. Градот Скопје традиционално на првороденото дете во новата година му подарува штедна книшка со 20.000 денари и други пригодни подароци Градоначалникот Трајановски ја искористи приликата да им ја честита Новата 2015 година на своите сограѓани и да им пожели добро здравје, среќа, љубов, успех и бериќет. Prvo bebe 2015  (3) Prvo bebe 2015 (4)
Слично

Поврзани вести