Економија, финансии, бизнис

Контакт

„МИ СЕ ПЛАЧИ“: жителите на Лажец очајни по полавите - опозиционерите бараат одговорност за ненавремено чистење на каналите

„МИ СЕ ПЛАЧИ“: жителите на Лажец очајни по полавите - опозиционерите бараат одговорност за ненавремено чистење на каналите

Претставникот на опозициската СДСМ, Методија Куновски, кој е и претседател на ОО СДСМ Битола, сподели видео од поплавите во овој дел од Македонија. 

Но, Куновски укажа и на неажурноста на владејачката партија и на ненавремено завршените активности на локалните петпријатија, што според него довеле до овие поплави во околината на Битола. 

- "Ми се плачи" - вели жителот на селото Лажец во видеото што ми го прати. А, му се плачи и на сите други жители на Лажец и останатите села погодени од поплавите деновиве.

После две години Влада на ВМРО-ДПМНЕ и петта година локална власт на ВМРО-ДПМНЕ и Коњановски, НЕ МОЖИ само граѓаните да се виновни за не исчистените одводни канали.

Коњановски, општината и надлежните претпријатија не си ја завршија навреме работата, а за тоа се одговара согласно членот 353 од Казнениот законик - напиша Куновски заедно со објава од поплавите. 



Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести