Економија, финансии, бизнис

Контакт

МИ ГО СПАСИ ЖИВОТОТ НА 27 ГОДИНИ, СЕГА ИМАМ 57 - пријателите, пациентите, другарите... се простуваат од д-р Угриновски

МИ ГО СПАСИ ЖИВОТОТ НА 27 ГОДИНИ, СЕГА ИМАМ 57 - пријателите, пациентите, другарите... се простуваат од д-р Угриновски

Не стивнуваат реакциите по смртта на познатиот неврохирург, професор д-р Јовица Угриновски, кој вчера беше погребан на градските гробишта во Бутел.

Бројни поранешни пациенти, пријатели, другари, но и здравствени установи со кои соработувал, не престануваат да се простуваат од него на социјалните мрежи.

Со реакција се јави и поранешниот новинар и експерт за евроинтеграции, Валентин Нешовски.

„Јовица. Ми го спаси животот на 27-годишна возраст. Денес имам 57. Ми подари барем 30 години живот со семејство, пријатели, дружби, цигари, понекоја чашка алкохол. Ми рече еднаш да го живеам животот со полн здив, па и со некој порок затоа што - „Па и не иде да умреш здрав“, ми рече шеретски и ми намигна. Станавме и пријатели. На ретките средби ќе ми речеше, добар си ти - ме послуша што ти реков.

Еј Јовица, пријателе, и таму каде што отиде, знам, ќе делиш добри совети и боемштина затоа што беше добар познавач на животот“, напиша Нешовски на фејсбук.

Вчера и болницата Аџибадем Систина сподели сеќавање за д-р Јовица Угриновски, кога пред повеќе години му бил спасен животот на младо момче.

Слично

Поврзани вести