Економија, финансии, бизнис

Контакт

„МИ БЕШЕ ЧЕСТ ДА ГИ ЧИТАМ ВАШИТЕ ТЕКСТОВИ, ВИ БЛАГОДАРАМ НА СИТЕ“ - хрватскиот македонист Калоѓера ја доби поддршката од македонските граѓани

„МИ БЕШЕ ЧЕСТ ДА ГИ ЧИТАМ ВАШИТЕ ТЕКСТОВИ, ВИ БЛАГОДАРАМ НА СИТЕ“ - хрватскиот македонист Калоѓера ја доби поддршката од македонските граѓани

Хрватскиот професор и македонист, Горан Калоѓера, им се заблагодари на поддршката на македонските граѓани, која тој од нив ја побара со цел тој и неговата сопруга да дбијат македонско државјанство.

„Драги пријатели, ви благодариме за поддршката. Гледам дека мојот труд не бил залуден. Ми беше задоволство и чест да ги читам вашите текстови. Морам да признаам дека сум длабоко трогнат и благодарен. Ви благодарам на сите“, напиша токму сега Калоѓера на својот фејсбук профил.


Како што е познато, тој вчера на фејсбук ја спподели оваа објава. 

„Ова што го гледате на фотографијата драги Македонци, медалот е заслуга за Македонија“, објави на својот профил на Фејсбук, хрватскиот проф. д-р Горан Калоѓера.

Тој бара македонско државјанство за себе и за својата сопруга, која е исто така универзитетски професор.

Калоѓера со Македонија е поврзан уште од 1980 година и најголем број од 40-тината објавени книги се поврзани со Македонија.

„Никогаш порано не сум го користел, едноставно, го прифатив како признание за моите заслуги кон македонската наука. Со оглед на тоа што барам мислење од македонскиот народ, а не од владејачките структури, е следново: Барам за мене и за жена ми македонско државјанство. За мнозина можеби ова е глупаво, но за мене е многу важно. Јас сум македонист од 1980 година, основач на македонски студии во Риека, надворешен член на Друштвото на писатели на Македонија, почесен доктор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, основач на Лекторатот за македонски јазик на Филозофскиот факултет во Риека, надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите, proffesor emeritus на Универзитетот во Риека. Објавив 41 книга, од кои 30 се поврзани со Македонија. Јас сум основач на симпозиумите за хрватско-македонски лингвистички, литературни и културни врски, кои произведоа пет симпозиуми и исто толку зборници. За сето тоа имав поддршка од мојата сопруга, која е редовен професор по американистика на Филозофскиот факултет во Риека, која одржа голем број предавања и објави неколку статии за врските на Македонците и нејзината дијаспора во светот. Човек си ги знае границите. Моите се при крај и како ако не добијам државјанство да го заокружам мојот научен циклус за македонистиката? Со македонскиот народ сум бил од 1980 до денес. Во добро и во лошо. Сакам да го заокружам овој циклус со добивање државјанство (за мене и за сопругата). Сега му се обраќам на македонскиот народ, ако ме поддржувате, кренете палец горе, ако не палец долу. Во зависност од вашите реакции, ќе ги направам следните чекори. И на крај морам малку да бидам злобен, во овие 40 години и повеќе, многу македонски пријатели ми кажаа дека тоа требаше одамна да се случи, без јас да барам. А сега јас барам. Ајде да видиме како дише народот, а како тие што сега се на власт“, напиша професорот.

На оваа своја објава тој доби за кусо време близу три илјади лајкови, а доби и прекрасни коментари полни со одобрување и поддршка. 

Слично

Поврзани вести