Економија, финансии, бизнис

Контакт

МФ: Трицифрен раст на реализацијата на капиталните инвестиции во првите два месеца од 2026 година

МФ: Трицифрен раст на реализацијата на капиталните инвестиции во првите два месеца од 2026 година

Министерството за финансии објави дека е регистриран висок 179,7 отсто раст на реализација на капитални инвестиции е остварен во првите два месеца од оваа година. 

- Согласно податоците за реализација на Буџетот заклучно со 27 февруари во првите два месеца од 2026 година реализирани се вкупно 8,1 милијарди денари што претставува раст од 179,7 проценти или во апсолутен износ во двата месеца од оваа година во споредба со двата месеца од 2025 година има повисока реализација на капитални инвестиции во износ од 5,2 милијарда денари.

Во Буџетот за 2026 година капиталните расходи се проектирани на износ од 40,1 милијарди денари. Планирани се реализација на инфраструктурни проекти, енергетски, капитални проекти од областа на сообраќајот, комунална и локална инфраструктура за подобрување на условите за живот на граѓаните. Исто така, со Буџетот е планиран износ од 2,1 милијарда денари за реализација на капитални проекти во општините - се посочува во нивното соопштение.

Од министерството додаваат дека од планираните 40,1 милијарда денари во првите два месеца се реализирани 8,1 милијарди денари или 20,12 отсто од предвиденото.

Истовремено посочуваат дека реализацијата на Буџетот во првите два месеца од годината е согласно планираното.

Слично

Поврзани вести