Економија, финансии, бизнис

Контакт

МФ РЕАГИРА: Со одлуката на ИСОС неколкукратно се зголемуваат надоместоците за вршење на сметководствени услуги

МФ РЕАГИРА: Со одлуката на ИСОС неколкукратно се зголемуваат надоместоците за вршење на сметководствени услуги

Министерството за финансии реагира на Одлуката на Институтот за сметководители и овластени сметководители на Република Македонија (ИСОС), со која значително се зголемува висината на минимални трошоци за вршење на книговодствени работи и на надоместокот за сметководствени услуги.

Од МФ потенцираат дека со одлуката неколкукратно се зголемуваат надоместоците за вршење на сметководствени услуги а согласно Законот за вршење на сметководствени работи и Статутот на Институтот, нема основ за донесување на оваа одлука.

Министерството за финансии појаснува дека оваа одлука е надвор од рамките на законот со оглед на фактот што Управниот одбор на Институтот има надлежност да ги утврди само критериумите за утврдување на цената на сметководствените услуги, но не и висината на надоместокот за тие услуги.

Спорната одлука Институтот за сметководители и овластени сметководители на Република Македонија, ја донесе на седницата на Собранието на Институтот одржана на 19.05.2017 година.

Слично

Поврзани вести