Економија, финансии, бизнис

Контакт

MEТРОПОЛИ: Каде е екстремно скапо, а каде е многу евтино?

MEТРОПОЛИ: Каде е екстремно скапо, а каде е многу евтино?

Швајцарскиот град Цирих е најскапа метропола на светот, а главниот град на Египет, Каиро е најевтин.

Ова го покажуваат резултатите од годишната ранг листа на швајцарската банка УБС во која се опфатени 77 светски престолнини.

Лос Анџелес е оценет како најдобар град во светот во смисла на куповната моќ со просечната плата на работниците, а неговите жители можат да си приуштат за четвртина повеќе од жителите на Њујорк, се наведува  во студијата. 

Ако се земат в предвид факторите на куповна моќ, Цирих е на второто место, а Њујорк е десетти, додека Лондон 23.

УБС, споредувајќи ги податоците за 11 најголеми градови, пресмета и кои од нив се најдобри за младите жители, односно нивната куповна моќ, која денес мораат да ја имаат, вклучувајќи Ајфон, лап-топ и претплата на Нетфликс.

Според тој параметар, најскап е Хонг Конг.

Двојка која оди на вечера, пие шише вино и гледа филм во кино, најмногу ќе плати во Токио, Њујорк и Стокхолм, а најевтино ќе помине во Прага, Мексико Сити и Рио де Женерио.

Слично

Поврзани вести