Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕТЈУ ПАЛМЕР: Нон-пејперите не значат ништо, границите се сигурни, а меѓувладината конференција на ЕУ за Македонија треба да се одржи во јуни

МЕТЈУ ПАЛМЕР: Нон-пејперите не значат ништо, границите се сигурни, а меѓувладината конференција на ЕУ за Македонија треба да се одржи во јуни

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан го кажа својот став околу стравувањата дека прекројувањето на границите може да се прошири понатаму на Балканот.

Ова тој го кажа во ексклузивно интервју за Блиц.рс.

На прашањето какво е неговото мислење околу прашината што се крена затоа што нон-пејперите што се појавија во јавноста споменуваа промена на границите, тој рече дека нон-пејперите не значат ништо, и тоа нема да се случи. 

„Нон-пејперите не значат ништо, има многу работи и теми за кои може да се разговара, но јас ги отфрлам овие случајни нон-пејпери за кои никој не прифаќа одговорност. Кога станува збор за границите и териториите, јас не го гледам ова како прашање за кое Косово е подготвено да се вклучи и верувам дека во овој момент има многу попродуктивни области за дискусија кои треба да се решат. Тоа се, на пример, исчезнатите лица, област околу која двете страни можат да постигнат договор“, рече Палмер.

Според него, границите на Босна и Херцеговина и Северна Македонија се фиксни. Никој не зборува за промена на границите на БиХ, никој не зборува за промена на границите на Северна Македонија. Тоа не е прашање, рече тој.

На забелешката, пак, дека европската перспектива е скоро непостоечка, бидејќи Франција, Холандија, Германија се категорично против проширувањето и тие не го кријат тоа, а примери се Северна Македонија и Албанија, тој одговара.

„Секако е точно дека ЕУ треба да му стави јасно до знаење на Западен Балкан дека патот е отворен, ако тие вложат напорна работа и ги спроведат потребните реформи. Ние би сакале да се одржи првата меѓувладина конференција за Северна Македонија и Албанија. Тие направија што треба и сметаме дека е важно ЕУ да го признае тоа. Голем дел од ЕУ се согласува со нас за ова и мислам дека не откривам никаква државна тајна ако кажам дека тоа е билатерално прашање меѓу Бугарија и Македонија, а ЕУ работи на тоа со Софија и се надевам дека ќе биде постигнат договор за одржување на конференцијата, и тоа што е можно побргу, во јуни“, вели Палмер.

Извор: Блиц.рс

Слично

Поврзани вести