Метју Палмер доаѓа во Македонија да даде поддршка за референдумот
Метју Палмер, првиот човек задолжен за влијанието на САД во Југоисточна Европа, ќе ја посети Република Македонија од 1 до 3 август, за да ја искаже поддршката за Договорот од Преспа и да придонесе за позитивен исход на референдумот на 30 септември.
Палмер ќе го поддржи прогресот на земјата кон членството во НАТО и во ЕУ, соопшти амбасадата на САД во Македонија. Тој минатата година истакна дека САД не ја менува политиката на Балканот и дека неговиот претпоставен, Доналд Трамп, нема да му го отстапи овој регион на влијание на рускиот претседател Владимир Путин.
При посетата Палмер ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев и со лидери на политички партии.
Тој ќе учествува на прославата на Илинден во Крушево и ќе се сретне со официјални претставници на локалните власти надвор од Скопје.
