Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕТЕЖ ПРЕД А1 АРЕНА БОРИС ТРАЈКОВСКИ - граѓаните прилично „натискани“ чекаат ред за вакцинација

МЕТЕЖ ПРЕД А1 АРЕНА БОРИС ТРАЈКОВСКИ - граѓаните прилично „натискани“ чекаат ред за вакцинација

Масовната вакцинација создаде и поголем метеж пред вакциналните пунктови во земјава.

ТВ 21 објави фотографии од големиот број граѓани кои чекаат за вакцинација пред А1 Арена СРЦ Борис Трајковски.

Ксако што и најавија здравствените власти во земјава, по празниците кои беа дадени како еден вид пауза во вакцинирањето, денеска во земјава продолжи вакцинацијата.

Како што и беше најавено, оваа вакцинација се одвива на шест пункта, и тоа во спортската сала А1 Арена СРЦ Борис Трајковски, како и во Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола. Сепак, не можеа да се избегнат и гужвите. 

Во најголемиот пункт пред А1 Арена СРЦ Борис Трајковски беа забележани се огромни гужви и немање на дистанца пред вакциналниот пункт, што е спротивно од мерките донесени за заштита од коронавирусот, пишува Тв 21.

Инаку, граѓаните кои од денеска се вакцинираат ќе ја имаат на располагањње кинеската вакцина на компанијата Синофарм, од која во петокот минатгата недела пристигнаа 200.000 дози. 

Извор и фото Тв 21

Слично

Поврзани вести