Економија, финансии, бизнис

Контакт

Метеорологот Славчо Попоски најави какво време ќе имаме за Велигден

Метеорологот Славчо Попоски најави какво време ќе имаме за Велигден

Метеорологот Славчо Попоски најави какво време ќе имаме за големиот христијански празник Велигден. 

Вели дека до сабота ќе имаме доста променливо време со повремени врнежи од дожд, но од локален карактер, а ќе има услови и за ретки грмежи. Што се однесува до температурите, тие ќе бележат тенденција на секојдневен пораст. 

„За Воскресението Христово - Велигден под влијание на доста топла воздушна маса од југ ќе имаме големо затоплување на времето, многу повеќе сонце и стабилно време. 

Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени,  додека во најтоплите предели истите се очекува да се искачат дури до околу 30 степени“, вели Попоски. 

Значи за претстојните празници се очекува првин променливо време, а потоа од недела речиси летни температури и многу повеќе сонце. 

Слично

Поврзани вести