Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВО НЕВРЕМЕ: „Екстремно топло време нема да имаме“

МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВО НЕВРЕМЕ: „Екстремно топло време нема да имаме“

Под влијание на голема влажна и нестабилна воздушна маса од запад, до крајот на денов и вечерва повторно на многу места низ Македонија ќе биде нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, Најавува Славчо Попоски.

-Поради големата енергија во Атмосферата, локално повторно ќе има појава на поизразено невреме, проследено со интензивен пороен дожд, големо количество на воден талог за кратко време, силен ветер, електрични празнења, како и со појава на град и истиот повторно локално би можел да биде покрупен и да направи штети. Апелираме и тоа поради очекуваните нови интензивни врнежи, дека постои опасност од нови локални поплави, а во случај на појава на силни електрични празнења граѓаните да бидат крајно претпазливи, и да не претстојуваат на отворен простор, како и под осамени дрвја, потенцира тој

И во Скопје и околината до крајот на денов е можно локално невреме, како и поплавувања.

-Постабилно време ќе имаме од утре, но колку ќе се задржи истото останува да видиме што ќе кажат понатамошните анализирања на времето. Екстремно топло време нема да имаме, температурите ќе бидат нормално високи за овој период од годината и во следните денови тие ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени. Во Скопје таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 28 и 29 степени, прогнозира Попоски.

ФОТО: Unsplash/Max Spealing

Слично

Поврзани вести