Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕТЕОРОЛОГ СЛАВЧО ПОПОСКИ: ОВАА НОВА ГОДИНА ЌЕ БИДЕ ПРОЛЕТНА!

МЕТЕОРОЛОГ СЛАВЧО ПОПОСКИ: ОВАА НОВА ГОДИНА ЌЕ БИДЕ ПРОЛЕТНА!

Метеорологот Славчо Попоски за Фактор вели дека за Нова година нема да има снег, а за Божиќ иако е рано да се даде детална прогноза, сепак мали се шансите за снежни врнежи.

На 31 декември се очекува време кое нема да биде многу студено, а во 2018 година ќе влеземе со температури кои се високи за првиот ден на месец јануари.  На 1 јануари ќе има и региони каде температурата ќе се искачи и до 15 степени.

„Под влијание на стабилна и сува воздушна маса оваа Нова година нема да биде снежна, а новогодишната ноќ ќе помине во знакот на претежно ведро, суво и не многу студено време,  па така температурите на воздухот за време на оваа ноќ ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени. Невообичаено топло ќе биде на првиот ден од новата 2018 година кога температурите на воздухот ќе бидат значително  над просекот за овој дел од годината и максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени што навистина се пролетни  температури. Исто така да кажеме дека овие температури се повисоки од просечните дури за околу 10 степени. Поради намалувањето на брзината на ветерот и релативно топлото време по котлините вклучувајќи ја и Скопската котлина ќе има повторно услови за појава на магла и на ниска облачност“ – вели Попоски.

Попоски вели дека веќе 5-6 години во земјава за Нова година немало снег, а „бел Божиќ“ имаше во 2017 година.

Тој додава дека на Балканот никаде на пониските места нема да има снежна зима, со исклучок на планините.

Попоски вели дека јануари ќе помине без многу врнежи и со 2-3 степени повисоки температури од просекот карактеристичен за овој месец. 

Сања Атанасовска

Слично

Поврзани вести