Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Метеоаларм“ најавува силен јужен ветер викендов

„Метеоаларм“ најавува силен јужен ветер викендов

Циклон овој викенд ќе предизвика засилен, етер од јужен правец (повремено и локално со брзина од над 60/70 км/час), најавува „Метеоаларм“ на прогнозерот Славчо Поповски.

„Облачноста ќе се зголемува и во текот на оваа ноќ најпрвин во западните предели, а утре во најголем дел од Македонија ќе има врнежи од дожд и локално тие ќе бидат обилни (над 25 л/м2), а не се исклучува можноста и за ретка појава на грмежи.

Поради изразеното јужно и југозападно воздушно стриење, од Сахара кон нашата територија ќе се врши транспорт на прашина и песок, па така и Атмосферата ќе биде заматена, а дождот кој ќе врне ќе биде валкан“, предвидува „Меоаларм“.

Во Скопје и околината исто така ќе дува засилен ветер од јужен правец, а во текот на ноќта кон утрешниот ден, како и утре ќе има врнежи од дожд кој повремено ќе бидат пообилни.

Температурите остануваат натпросечно високи и ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 17 степени. 


Слично

Поврзани вести