МЕТЕОАЛАРМ НАЈАВА: Следува северен ветер до 60 километри на час
Метопрогнозата за денеска е дека Македонија повремено ќе дува засилен ветер од северен правец, најизразен тој ќе биде во Повардарието каде повремено и локално ќе достигнува брзина до околу 60 км/час.
Времето останува стабилно и суво, со поумерени температури на воздухот кои ќе бидат без поголеми промени, или за некој степен пониски.
Инаку, ние сме под влијание на умерен топол бран од Африка, и истиот не условува да имаме екстремно високи температури како минатото лето.
Слично
