Метео: Облачно но, не така ладно
Во текот на денешниот ден ќе имаме умерено до значително облачно време со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се движи од минус три до четири степени, а дневната од шест до 16 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, со слаб јужен ветер и со појава на магла и ниска облачност. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе достигне до девет степени.
Стабилно и суво време ќе се задржи до среда, при што дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, особено на повисоките места и планините.
Пониски температури ќе има по котлините заради појава на магла и ниска облачност.
Повремени локални врнежи од дожд се очекуваат од среда попладне, главно во западните и јужните делови од земјата.
Слично
