Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕТЕО АЛАРМ ЗА МАКЕДОНИЈА: Драстична промена на времето, метеоролозите најавуваат многу дожд

МЕТЕО АЛАРМ ЗА МАКЕДОНИЈА: Драстична промена на времето, метеоролозите најавуваат многу дожд

Циклонскиот систем кој се разви над Средоземјето полека се движи према Јадранот.  Во ваква ситуација, денес ќе ја зафати и нашата Македонија  и насекаде ќе донесе обилни врнежи од дожд, локално проследени со грмежи како и со засилен ветер, вели метеорологот Славчо Попоски.

„Локално процесите можно е да бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. И во Скопскиот регион денес ќе има пообилни врнежи од дожд. Во делови од регионот тие ќе бидат поројни и проследени со грмежи како и со засилен ветер. И во делови од Скопскиот регион можна е појава на невреме.

Апелираме во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја.

На повеќе места ќе наврне значително количество на воден талог (над 20 л/м2), меѓутоа, локално тоа ќе биде  и поголемо (над 30 л/м2).

Што се однесува до температурите, утре (вторник) ќе биде многу посвежо од  денес, со максимални дневни температури на воздухот кои ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 24 степени.“ вели тој.



Слично

Поврзани вести