МЕСТО ВО СТИРОПОР, ВЛОЖУВАЊЕ ВО МЛАДИ: СДСМ ветува 10.000 евра неповратни сретства за почеток на сопствен бизнис
Опозициската партија за да ги задржи младите, решила да инвестира во нив.
Наместо да бегаат во странство, од СДСМ во Планот за живот предвидуваат вложување во младите, а не во стиропор.
Од партијата на Заев ветуваат дека државата ќе обезбедува 10.000 евра неповратни сретства на младите за почеток на сопствен бизнис .
„Тоа значи дека со тие 10.000 евра тие ќе можат да размислуваат
да помогнат и на македонската економија, меѓутоа да си помогнат и себеси“, посочи денеска заменик претседателка на СДСМ Радмила Шекеринска.
Освен тоа, државата ќе формира старт ап центри во којшто истиве овие фирми, фирми формирани од младите во Македонија ќе им обезбедуваат бесплатно сместување, бесплатни комуналии, бесплатно сметководство и сите дополнителни помошни услуги кои се битни за стартување на мал бизнис.
Дополнително, ќе постои можност да се формираат фирми со само едно евро почетен капитал, да не им правиме на младите дополнителен проблем на оние млади кои немаат капитал, а имаат идеја. Да не им правиме дополнителен проблем со којшто ќе ги обесхрабриме да започнат нешто свое.
