„Место каде историјата, природата и вечноста зборуваат без зборови“: Љутков во Кокино на изгрејсонце со семејството
На денот на летната долгодневица, рано утрово министерот за култура и туризам Зоран Љутков присуствуваше на археолошкиот локалитет Кокино, каде што го следеше изгрејсонцето – редок природен и астрономски феномен што со векови го привлекува вниманието на научниците, истражувачите и посетителите.
- Добро утро Македонијо, од Мегалитската опсерваторија Кокино.
Изгрејсонцето денес го дочекавме во 6:12 часот, следејќи ja долгоденицата заедно со моето семејство, градоначалникот на Старо Нагоричане Мирослав Славковски, пратеникот Бране Петрушевски, директорката на Музеј Куманово Марија Живачки и директорот на Националниот конзерваторски центар Александар Јорданоски.
Од одредена точка на локалитетот може да се набљудува изгрејсонцето низ специфичен карпест процеп — феномен кoj е една од најпрепознатливите карактеристики на Кокино. Овој локалитет не е значаен само од археолошки аспект, туку претставува и уникатен спој на културата, науката и природата.
Оваа година се одбележуваат 25 години од откривањето на локалитетот Кокино, значаен јубилеј кoj во текот на 2026 година ќе биде одбележан со повеќе научни, културни и промотивни настани.
Кокино - место каде историјата, природата и вечноста зборуваат без зборови - напиша министерот на социјалните мрежи, каде сподели и фотографии од настанот.
Слично
