МЕСТО ДА ЗАСТАНЕ ЗА КОНТРОЛА ЖИТЕЛ НА РОМАНОВЦЕ ПРЕГАЗИЛ ПОЛИЦАЕЦ И ИЗБЕГАЛ: сепак е уапсен, при апсењето физички нападнал полицаец
Жител на село Романовце, Куманово е уапсен бидејќи не застанал при издадена наредба стоп од полициски службеник, а дополнително со возилото удрил во полицецот кој сакал да го сопре, и побегнал од местото. Сепак, полициски лица го стигнале, по што го оставил автомобилот и се дал во бегство пешки.
Но, тоа не било се, откако полицајците го стигнале, при обидите да го уапсен, тој физички нападнал полициски службеник.
- На 14.01.2026 во 23:30 часот во с.Романовце, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода С.Ч.(28) од с.Романовце.
Околу 22:30 часот во с.Отља, липковско, тој не застанал на даден знак за запирање и со возилото „ауди а3“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во полициски службеник и продолжил со движење.
Во близина на село Романовце тој застанал, го напуштил возилото и почнал да бега, по што еден од полициските службеници испукал два предупредувачки куршуми во воздух. Набргу е стигнат и фатен, при што пружал отпор и физички нападнал полициски службеник - се посочува во објавата на МВР.
С.Ч. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Слично
