Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕСТО ДА ГИ ЧУВА, ГИ ПРОДАВАЛ ДОКАЗНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ: Обвинителство бара притвор за полицаецот кој продавал запленето злато

МЕСТО ДА ГИ ЧУВА, ГИ ПРОДАВАЛ ДОКАЗНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ: Обвинителство бара притвор за полицаецот кој продавал запленето злато

Наместо да ги чува како доказни материјали, полицаец од ОВР Гостива ги продавал доказните материјали и парите си ги присвојувал. 

По објавата на МВР, се огласи од Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски властувања и припадници на затворската полиција кое соопшти дека е донесена Наредба за спроведување на истражна постапка против еден полициски службеник од ОВР Гостивар. 

За него постои основано сомневање дека сторил кривично дело Проневера во службата, присвојувајќи пари и златен накит, пронајдени при вршење увид во друг предмет и по насоки од јавен обвинител требал да ги чува.

Осомничениот, како што информираат од Обвинителство, како крим техничар бил ангажиран на увид во кој биле пронајдени предмети – парични средства во износ од 25.000 евра и златен накит кои тој ги фотографирал и подигнал. 

- По извршениот увид во рамките на своите службени должности настанот и предметите уредно биле внесени во дневната книга на настани и ЦЕМС системот.

Осомничениот направил неколку обиди да ги предаде предметите на надлежниот јавен обвинител, но поради немање услови за чување во обвинителството, по насоки на јавен обвинител тој ги заклучил во неговиот шкаф во работната просторија. 

Предметите биле таму сѐ до моментот кога, иако му биле доверени во службата, одлучил да ги присвои. 

Така во неколку наврати подигнувал дел од парите и од златниот накит што го разменувал во златарница за парични средства кои понатаму ги користел за отплаќање на долгови. 

За да ги сокрие трагите, осомничениот ја извадил бравата од шкафот во неговата работна просторија и исценирал дека истиот е обиен - се вели во соопштението од ЈОРСМ.

Во текот на вчерашниот ден, кога неговите колеги го известиле за настанот, односно дека се прави увид во неговата канцеларија заради обиениот шкаф, тој дошол и го признал делото изразувајќи каење.

Предметниот обвинител на судијата на претходна постапка ќе му предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор. 

Слично

Поврзани вести