Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕСНА ЗАЕДНИЦА ГАЛИЧНИК: Tрета недела сме отсечени

МЕСНА ЗАЕДНИЦА ГАЛИЧНИК: Tрета недела сме отсечени

Галичник трета недела е отсечен, a од денеска таму нема ниту струја.

„Упатуваме апел до надлежни институции Македонија пат, Општина Маврово и Ростуше, како и Јавното претпријатие за Државни патишта да се овозможи пристап до Галичник кој веќе трета недела е отсечен од патна комуникација“, пишува во апелот на граѓаните објавен на Фејсбук страницата на месната заедница Галичник. 

Дополнително, денеска поради дефект на 20 киловолтен далновод Галичник остана и без струја.

„Сакаме да укажеме дека според активните сообраќајни законски норми станува збор за регионален пат кој мора да биде постојано прооден. Дополнително, во Галичник веќе трета недела не функционира уличното осветлување, а од денеска поради дефект на 20 киловолтен далновод во Галичник нема ниту електрична енергија. Сакаме да ја потсетиме јавноста дека во Галичник има постојани жители, а многумина луѓе, сопственици на имот во Галичник имаат редовни работни обврски поврзани со повремено присуство во Галичник на кои им е потребен пристап“, се наведува во објавата на месната заедница Галичник.


Tие чекаат реакција од надлежните институции. 

Слично

Поврзани вести