Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕШАНА ШУМА И НИСКА ВЕГЕТАЦИЈА ГОРИ НА КРИВОЛАК: Пожарот се движи кон воениот полигон

МЕШАНА ШУМА И НИСКА ВЕГЕТАЦИЈА ГОРИ НА КРИВОЛАК: Пожарот се движи кон воениот полигон

Гори мешана шума и ниска вегетација на Криволак, а чадот се протега до Штип и Свети Николе. Пожарот се двиѓи и кон воениот полигон заради што таму ќе бидат активиарни сите воздухопловни сили  на Македонија  за гаснење пожари, ер тракторите, полициските и армиските хеликоптери.

-За жал огнот преминал на другата страна која оди во насока на Реката Брегалница. Ќе се обидеме да го пресечеме на друго место. Воздухоплови тешко помагаат, но бидејќи пожарот тргна во насока на полигонот Криволак, ги насочивме двата ер-трактори, еден армиски хеликоптер, а ќе бидат насочени и двата полициски хеликоптери, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Четири големи жаришта се активни на планината Серта, со што овој пожар е најголем и најтежок од деветте  кои беснеат  на територијата на државата.

ФОТО: МИА

Слично

Поврзани вести