Економија, финансии, бизнис

Контакт

Месецов ќе се формира група за соработка со Парламентот на Грузија

Месецов ќе се формира група за соработка со Парламентот на Грузија

Собранискиот спикер Талат Џафери најави дека до крајот на мај ќе се формира група за соработка со Парламентот на Грузија. 

Тој денеска имаше работен ручек со претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили на кој што изрази надеж дека конечно по воспоставувањето на дипломатските односи со Грузија во 2019 година, ќе почнеме еден период на поинтензивна комуникација и политичка соработка. Џафери го поздравил и денешното потпишување на „Спогодбата меѓу Република Македонија и Грузија за укинување на визите“ и Меморандумот за соработка во областа на културата меѓу двете министерства за култура.

Самата посета на претседателката на Грузија претставува почеток на висока соработка и можност за унапредување и интензивирање на билатералната комуникација на секое поле. Џафери изразил задоволство за тоа што во Парламентот на Грузија е формирана тричлена парламентарна група за соработка со нашето Собрание и најавил дека до крајот на овој месец, и во Собранието на Република Македонија ќе се формира Парламентарна група за соработка со Парламентот на Грузија.

Зурабишвили очекува во наредниот период интензивирање и продлабочување на политичката и економската соработка меѓу двете земји.  Таа се сретна и со шефот на државата, Стево Пендаровски. 

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денес беше домаќин на грузиската претседателка и рече дека можеме да им помогнеме околу реформи во судството и правосудството. 

Слично

Поврзани вести