Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мерсел Биљали: Со прифаќањето на мандатот, Груевски скокна во празен базен

Мерсел Биљали: Со прифаќањето на мандатот, Груевски скокна во празен базен

Почнаа и првите реакции за идниот мандатар кој треба да состави нов Владин кабинет, а чиј мандат му беше предаден денеска на екс премиерот Груевски.

Професорот Мерсел Биљали вели дека со прифаќањето на мандатот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одлучил да скока во празен базен.

Неговиот став напишан на социјалната мрежа на Фејсбук ви го пренесуваме целосно:

„Со прифаќањето на улогата мандатар, Груевски само што одлучи да скока во празен базен. Тој секој дне влегува се подлабоко и подлабоко во жив песок. Да беше барем микрон рационален, тој ќе се повлечеше од сите функции по првата најава за бомбите. Но тој продолжува да го јава бесниот коњ наопаку и наскоро ќе заврши многу, многу лошо. А слушам и дека во неговата партија веќе некои ги заоструваат ножевите ...“, пишува на Фејсбук Биљали.

Слично

Поврзани вести