Мерсел Биљали: Договорот меѓу Македонија-Грција е реален компромис
Професорот Мерсел Биљали смета дека договорот меѓу Македонија-Грција е еден реален компромис каде што, како што вели, македонската страна ги добива сите тие чуствителни идентитетски соджини кои првенствено се поврзани за јазикот, нацијата, синтагмата ,,македонски“ итн.
И.С.
„Другото се си е форма оти денес повеќе од 70 отсто од државите во светот имаат име кое се разликува од доминантната етничка заедница што таму живее.
Мислам дека конечно после толку години по прв пат на државата и се отворат реални развојни перспективи, оти со вакво темпо на иселување Македонија за 30 години може да остане држава каде што единствени жители ќе останат само спомениците“, посочува професорот Мерсел Биљали за Фактор.
Слично
