Мерна станица за аерозагадување се расипа од жештина?
Мерната станица за аерозагадување во скопски Центар е надвор од функција неофицијално поради дефект предизвикан од летните горештини, објави „Мета“. Претходно на истата станица откажал и сензорот за ПМ 10 честичките.
Последната податоци биле прикажани вчера попладне од 62 микрограми ПМ 2,5 честички на метар кубен што е укажување на зголемена загаденост.
Од центрите за животна средина веќе има поплаки дека ова е трета мерна станица надвор од употре по оние во Лисиче и Гази Баба.
Ориентациски може да се користат само податоците добиени од аматерската мрежа „Пулсе“ кои не се сметаат за релевантни од страна на Министерството за животна средина.
Слично
