Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕРЛИН НЕ БАРАЛ ДА СЕ ИЗГАСНЕ КРСТОТ ВО ШТИП: Јорданов ја демантира информацијата

МЕРЛИН НЕ БАРАЛ ДА СЕ ИЗГАСНЕ КРСТОТ ВО ШТИП: Јорданов ја демантира информацијата

На социјалните мрежи беше објавено дека Дино Мерлин кој викендов ќе настапува во Штип, побарал да се изгаснат светлата на крстот кој е едно од обележјата на градот.
Информацијата ја демантира градоначалникот Иван Јорданов, кој вели дека станува збор за лажна вест.
„Згрозен сум од лажните вести кои намерно се пласираат, а се во врска со најголемиот настан во Македонија, кој ќе се случи овој викенд во Штип.

Целосно демантирам дека изведувачот Дино Мерлин имал специјални барања во делот на исполнување посебни услови во изгледот и обележјата на градот.

Свесен сум дека живееме во време на изместени вредности, свесен сум дека ова е само еден од методите за ширење на омраза и политичко лешинарење. Се прашувам до каде ќе оди човечката злоба ?

Нашиот Штип веќе добива од овој настан, а оние кои ја пласираа оваа невистина на медиумите, јасно е дека веќе губат, затоа и се изгубени во нивната злобна и бесцелна политичка кампања!“, напиша тој.



Слично

Поврзани вести