Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мерко со дрзок одговор: Зошто да се вози во Шкода кога може во двојно поскапо ауди

Мерко со дрзок одговор: Зошто да се вози во Шкода кога може во двојно поскапо ауди

Струшкиот градоначалник „се кае“ што се поднови со "Ауди А6", лимузина со четири врати во вредност од 66.700 евра.

Ова станува јасно од неговата изјава во синоќешната емисија на ТВ24 во кој тој на дрзок начин и со смеење одговараше на прашањата на новинарката.

-Требаше да купам поубаво и поскапо возило. Погледнете го ,а , кажете колку е убаво-, рече Рамиз Мерко.

Тој потврди дека општината купила и две возила од марката "Шкода Октавија", лимузина со пет седишта во вредност од 18.700 евра, како и две "Шкода Рапид" со пет врати, во вредност од 14.205 евра по автомобил, а за лимузината тој вели дека не била луксуз туку потреба бидејќи била побрза а му требала за службени патувања.

Слично

Поврзани вести