Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мерко се налути, порача да не се гласа за ДУИ, туку за „независните“

Мерко се налути, порача да не се гласа за ДУИ, туку за „независните“

Актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, им се налути на ДУИ што го поддржаа коалициониот партнер Зијадин Села пред локалните избори и на своите седбеници им порача да гласаат за советничката листа на „независните“.

- Ја поддржувам независната листа за советници во Струга. Тие ќе работат за доброто на општината. Заокружете го бројот 120., напиша актуелниот градоначалник на Струга и истакнат член на ДУИ на својот профил на Фејсбук,

Инаку, Мерко е на црната листа на САД уште од јуни 2023 година. САД го означија градоначалникот на Струга Рамиз Мерко како неподобен за влез во САД поради неговата вклученост во значајна корупција, соопшти тогаш Стејт департментот. На црната листа на САД истовремено се ставени и неговата сопруга Шпреса и трите полнолетни деца, Генц, Назмије и Дренуше.

Во меѓувреме Обвинителството продолжува да отвора случаи за Мерко, а поседниот е за набавката за осветлувањето на вливот на Дрим во Охридското езеро.

Слично

Поврзани вести