Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕРКО ИМА ШУМА, СТАН ВО АЛБАНИЈА, А ЗЕМА И „ДЕБЕЛА“ КИРИЈА: Еве што се пријавил струшкиот градоначалник во Комисијата за спречување корупција

МЕРКО ИМА ШУМА, СТАН ВО АЛБАНИЈА, А ЗЕМА И „ДЕБЕЛА“ КИРИЈА: Еве што се пријавил струшкиот градоначалник во Комисијата за спречување корупција

Откако струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, беше ставен на црната листа на САД, Фактор одлучи да провери што поседува таткото на Струга, со оглед на тоа што според Стејт Департментот на САД, струшкиот градоначалник бил вмешан во голема корупција, присвојувал пари и се мешал во судски и други јавни процеси, нанесувајќи штета на демократските процеси во земјава.

Освен Мерко, на црната листа на САД, од вчера, 20 јуни се и неговата сопруга Шпреса и трите нивни деца Генц, Назмије и Дренуше од 20 јуни, а добија и официјално забрана за влез во Соединетите Американски Држави. 

Агелер: Ќе следуваат и други имиња на „црната листа“

Според премиерот Димитар Ковачевски, ставањето на струшкиот градоначалник на американската црна листа, е само уште една потврда дека на истражниот и правосудниот систем на државата му е потребен ремонт. Прашан дали ќе бара од советничката група на СДСМ во Општина Струга да му ја откаже поддршката на градоначалникот Мерко, премиерот со став дека околу тоа добро ќе треба да размислат сите советнички групи во општината.

Координаторот за антикорупција во Стејт департментот на САД, Ричард Нефју, во интервју за албанската редеакција на „Гласот на Америка“ рече дека не може да се споделат повеќе детали зошто градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, е ставен на американската црна листа.


Извор: Државна комисија за спречување корупција

Ф.Р.

Слично

Поврзани вести