Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕРКО ГО ГОНИ ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА НАЈМАЛКУ ШЕСТ ПРЕДМЕТИ, АМА НЕМУ ВЛАКНО НЕ МУ ФАЛИ - еве што кажаа од Обвинителството, ќе испитале детално дали тој вршел влијание во постапките

МЕРКО ГО ГОНИ ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА НАЈМАЛКУ ШЕСТ ПРЕДМЕТИ, АМА НЕМУ ВЛАКНО НЕ МУ ФАЛИ - еве што кажаа од Обвинителството, ќе испитале детално дали тој вршел влијание во постапките

Новинарите го прашаа обвинителството какви постапки досега се воделе или се водат против струшкиот градоначалник Рамиз Мерки, за кој требаше Американците, односно Стејт Демартментот, да ни кажат колку е спорен како личност, бидејќи го ставија на нивната црна листа заедно со неговоtо семејство, токму поради наводи за корупција. 

Еве ги одговорите на Обвинителствопто, од кои оние што не ги следеле со внимание предметите, не би можеле да добијат многу појасна слика. 

Согласно евиденцијата на Јавното обвинителство, против лицето кое го наведувате активни се следните предмети: ​

1. КО бр. 107/23 кој е заведен по кривична пријава поднесена од повеќе Здруженија на граѓани, за кривично дело - Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од КЗ. Пријавата е поднесена на 26.04.2023 година, постапува ОЈО Струга и презема дејствија за проверка на наводите. 

2. КО бр. 117/23 заведен во ОЈО Струга против наведеното и уште две други лица за кривични дела по член 353 и член 353-в од КЗ, а по кој има испитани лица и редовно се постапува. 

3. КО бр. 121/23 примен во ОЈО Струга на 19.05.2023 година и по кој се проучува пријавата и предистражната постапка е на почеток. 

4. КО бр.208/15 отворен по пријава од УФП за кривично дело по чл.353 ст.1,2. и 5 против лицето за кое покажувате интерес и други три лица. Обвинителот што постапува во предметот издал Наредба за вештачење до Бирото за судски вештачења, по доставените наоди во три наврати е побарано дополнување на вештачењето. Предметниот обвинител се уште го чека постапувањето по Наредбата за дополнување издадена во февруари 2020 година. 

5. КО бр. 15/22 отворен во ОЈОГОКК​ по кривична пријава од група адвокати против три лица, а во врска со ангажмани за адвокатски услуги, предметот е во предистрага и се постапува по истиот. 

6.​ РО 55/19 предмет по анонимна кривична пријава за кривични дела - Злоупотреба на службена положба и овластување и Измама против наведеното и повеќе други лица, поврзано со експропријација на земјиште во Струга. По слични наводи постапувало и ОЈО Струга и ОЈОГОКК, по што двата предмети се споени, обезбеден е судскиот предмет и дел од списите кои се наведуваат во пријавата. Се наоѓа во фаза на предистражна постапка. 

Исто така, во текот на изминатите години против лицето се водени и повеќе други постапки по поднесени пријави од различни субјекти и институции“, се вели во соопштемнието од ОЈО. 

Јавното обвинителство на земјава уште во своето соопштение и додава дека „Република Северна Македонија исклучително сериозно ги зема предвид сознанијата на американскиот Стејт департмент за потенцијално влијание од страна на ова лице врз постапките. Од тие причини, обвинителството итно по секој предмет ќе ја испита законитоста и ажурноста во постапувањата и евентуалното вршење влијание во постапувањето по предметите. За сите обвинители за кои ќе се утврди дека постапувале неажурно, нестручно и потпаднале под влијание ќе се поведе постапка за одговорност, а јавноста ќе биде соодветно информирана“, се вели во соопштението од Обвинителството. 

На дополнителниот интерес на новинарите дали против Мерко има и завторени предмети, од обвинителството велат дека има такви предмети, но тие биле затворени пред повеќе гходини наназад. Но, сепак, и за нив ќе се проверува како постапувале обвинителите, по што јавноста дополнително ќе биде известена, велат во својот одговор од ОЈО до новинарите.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести