МЕРКИТЕ ОСТАНУВААТ НА СИЛА: Судот не му го дава пасошот на Груевски
Лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски засега не смее да ја напушти државата.
Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје не го прифати барањето на екс премиерот да му ја врати патната исправа.
„Мерката на претпазливост, Привремено одземање на патната исправа за преминување на државната граница и забрана за издавање на нова патна или друга исправа за преминување на државната граница и мерката, Привремено одземање на дипломатска патна исправа – Остануваат на сила“, соопшти Судот.
Според одлуката која е донесена на затворена седница Груевски останува без пасош и има забрана за издавање на нова патна исправа за преминување на државната граница и привремено одземање на дипломатскиот пасош.
Во однос на ова странките имаат право на жалба во рок од 3 дена до Апелациониот суд – Скопје.
Груевски остана без пасош по барање на СЈО .
