Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мерките ги испразнија трговските: Сопственици со барање до Владата да не го казнува бизнисот

Мерките ги испразнија трговските: Сопственици со барање до Владата да не го казнува бизнисот

Надлежните да не не казнуваат со антиковид мерките, и да си најдат друг начин за поттикнување на вакцинацијата.

Ова е дел од пораката на сопствениците на трговските центри и продавници во склоп на истите кои побараа владата да им даде одговор зошто покрај носењето на маски на секој посетител и покрај средствата за дезинфекција зошто не се дозволи влез на оние со негатовен ПЦР тест.

Тие негодуваат и предупредуваат дека за многумина егзистенцијата ќе биде доведена во прашање. Потсетуваат дека минатата година им донела енормно големи загуби а ваквите мерки ако останат на сила ќе ги дотолчат и ќе мора да отпуштаат вработени.

Владата засега не го менува ставот за воведените мерки.

Слично

Поврзани вести