Економија, финансии, бизнис

Контакт

МЕРКИ ЗА СТРУМИЦА: Надминат е прагот на загаденост

МЕРКИ ЗА СТРУМИЦА: Надминат е прагот на загаденост

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри е надминат на мерното место Струмица.

Поради тоа донесе мерки на препораки кои треба да се преземат, како што се забрана за горење на отворено,  ослободување од работа на бремените жени и хронично болните, да се реорганизира работното време за оние кои работат на отворено, како и да не се организираат спортски натпревари и настани на отворено.

Воедно препорачано е да се интензивираат вонредните инспекциски надзори и контроли на компаниите со интегрирана А и Б еколошка дозвола.

Во Куманово, Битола и Кавадарци, вечерва воздухот е многу високо загаден. 

Слично

Поврзани вести