МЕРКИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО: Детето од Ново Село кое беше врзано е сместено во згрижувачко семејство
За снимката со врзаното дете во струмичко Ново Село, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против таткото на девојчето за кривично дело - Запуштање и малтретирање на дете од член 201 од Кривичниот законик.
„Детето, преку Центарот за социјални работи, е сместено во згрижувачко семејство. За осомничениот ќе бидат предложени мерки на претпазливост - забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, одземање на патна исправа, повремено јавување кај службено лице и забрана за приближување до девојчето“, велат од ОЈО.
Инаку, видеото се појави вчера. Се гледа дека детето е врзано, дека плаче и признава дека крадело.
Слично
