Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мерки на претпазливост за лицето кое лажно пријави бомба во Сити Мол

Мерки на претпазливост за лицето кое лажно пријави бомба во Сити Мол

Јавното обвинителство до Кривичниот суд предложи мерки на претпазливост за 19-годишникот кој како вработен во „Сити мол“ лажно пријави дека е активирана бомба во шопинг-центарот, по што следуваше итна евакуација и беше затворен неколку часа.

Лицето е осомничено за лажно пријавување на кривично дело а во трговскиот центар бил ангажиран преку агенција задолжена за обезбедување на објектот, објавија од Обвинителството.

„Од својот мобилен телефон тој пристапил на интернет страната www.globefone.com и на неговиот претпоставен му испратил текстуална порака со содржина: „Напуштете го молот веднаш, има бомба“. Претпоставениот веднаш пријавил во полиција, по што била организирана и извршена евакуација на присутните лица во трговскиот центар. Во исто време била ангажирана и екипа од Одделот за антитероризам во МВР кои утврдиле дека во објектот нема поставено експлозивна направа“, гласи во соопштението на ЈО:

Побарано е да му бидат определени четири мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиште, обврска повремено да се јавува кај определно службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.


Слично

Поврзани вести